Home Вебкафе На 102 години почина Јео Минг Пеи – таткото на стаклената пирамида пред Лувр

На 102 години почина Јео Минг Пеи – таткото на стаклената пирамида пред Лувр

На 102-годишна возраст почина архитектот Јео Минг Пеи, идејниот осмислувач и дизајнер на славната стаклена пирамида која е поставена пред фамозниот музеј Лувр во Париз.

 Пеи беше архитектот кој беше дизајнер на серија објекти кои се поставени пред парискиот музеј Лувр, вклучително и епската стаклена пирамида.

Тој, исто така, има дизајнирано голем број легендарни архитектонски структури ширум цел свет, а неговите дизајни се познати по прецизната геометрија, рамните површини и природната светлина.

Пеи беше работно активен до длабока старосна возраст, а едно од неговите најпознати ремек дела е Музејот на исламската уметност во Доха, Катар. На тој проект работеше кога имаше повеќе од 80 години.

Пеи е роден во кинескиот град Гуангжоу, во 1917 година. Во САД се преселил на 18-годишна возраст за да студира на престижните МИТ и Харвард. Работел како научник за американската влада за време на Втората светска војна, а потоа се посветил на архитектурата и во 1955 година основа сопствена приватна компанија.

Како еден од најпознатите архитекти на 20. век, Пеи дизајнираше градски згради, хотели, училишта и други објекти ширум Северна Америка, Азија и Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Една фраза што НИКОГАШ не треба да ја кажете кога некој поминува низ тежок период

Кога некој минува низ тежок период, повеќето луѓе сакаат да помогнат, но често првите збор…