МВР со негативно мислење за предлогот за олеснето добивање државјанство даден од Села и Гаши


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи дало негативно мислење на предлогот-Закон за државјанство поднесен од албанските опозициски партии во Собранието, кој изминатиот период крена многу прашина во јавноста заради лесните критериуми потребни за да се стане полноправен граѓанин на Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска предлогот го оцени како „политички памфлет“.

Инаку со предложените измени, наместо најмалку осум, услов за стекнување на државјанство ќе се исполнува со престој на странци од најмалку четири години. Се предлага и државјанство да се добие со тројца сведоци кои ќе потврдатдека лицето живеело во Македонија пред независноста, а може и со еден сведок ако тоа било или се уште е жител на местото на барателот. Еден од новите услови е наместо познавање на македонскиот јазик како што е сега – да се дефинира како “познавање на најмалку еден од службените јазици во државата”.

Зијадин Села кој е еден од потпишаните предлагачи на измените, тврди дека единствената цел е рамноправност на граѓаните кои живеат овде.

Законот е во собрансика процедура, но веќе е извесно дека нема мнозинство кои би го поддржало.. Иако првично дадоа поддршка, од предлгото подоцна се оградија од владејачката СДСМ, со образложение дека решението треба да биде системско и одржливо за да не дојдеме во ситуација со решавање на ова прашање да не се отворат други прашања.

Против е опоизицијата која најави и можна блокада со амандамни, доколку продолжи да се турка идејата.. Од Левица се посомневаа во скриени намери за одобрување на околу 70 илјади државјанства на лица од соседните земји кои не живеат во земјава.