Музичката индустрија запре на еден ден заради убиството на Џорџ Флојд – МТV ширум цел свет ќе ги замрачи екраните


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трите главни дискографски куќи во САД запреа на еден ден со својата работа во знак на протест заради убиството на Џорџ Флојд, и како што најавија „повторно се поврзуваат со својата заедница“, пренесува BBC.

Вработените вчера беа слободни, а денес, вторник, е прогласен за „ден на акција, чија цел е да се поттикнат луѓето на одговорност и на промени“.

Бројни светски ѕвезди се огласија по повод смртта на Флојд. Ријана на Инстаграм сподели чувства на гнев и тага низ кои поминува последнава недела. „Тешко ми е кога гледам моите луѓе да ги убиваат јавно и да ги погубуваат од ден во ден“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Бијонсе на Инстаграм објави видео, барајќи од своите фанови да ја потпишат петицијата со која се бара правда за Флојд. „Сите сведочевме на неговото убиство сред бел ден. Скршена сум и ужасната“, напиша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Лејди Гага на Твитер порача дека гласот на црнечката заедница е замолкнат веќе одамна и дека смртта на Џорџ Флојд е резултат на расизмот и на корумпираниот систем.

Тејлор Свифт на Твитер изрази гнев кон претседателот Доналд Трамп, а Трамп не го поштеди ни фронтменот на „Ганс ен Роузес“, Аксел Роуз, кој на Трамп му се обрати директно, одговарајќи на неговиот твит.

Аријана Гранде, Ник Канон, Јангблад, Камила Кабељо и Шон Мендез во текот на викендот се придружија на протестите одржани низ Америка.

Телевизискиот музички канал МТV и други сродни канали ширум светот во понеделникот објавија дека ќе ги замрачат екраните обележувајќи ја насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд и придужувајќи им се на останатите медиуми во осудата на расната нееднаквост.

Најавија дека во понеделник во 17 часот по локално време на 8 минути и 46 секунди ќе ги замрачат екраните, точно толку време колку што минатата недела полицаецот на Флојд со коленото му го притискаше вратот.