„Муртински приказни“ и „Лаки је мало нервозан“ – нов долг статус на Никола Груевски на Фејсбук


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бившиот македонски премиер и актуелен политички азилант и осуден бегалец во Унгарија, Никола Груевски, објави нов епски долг статус со кој прави осврт на моменталната политичка ситуација во Македонија. Прво премиерот Зоран Заев го нарече портпарол на сведокот Зоран Верушевски. Потоа го спомна и Кежаровски, па Ден Дончев, а на крај се осврна и на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

Еве ја интегралната верзија на писанието од Груевски.

„Муртински приказни: “портпаролот” на сведокот кажа што неговиот советник ќе каже следниот пат и што сакал да каже претходниот пат.
Заев наредил во СДСМ снимките да ги прими човек кого тогаш не го познавал!?
Неговиот функционер и соселанец, наеднаш станал многу добар човек, ме засакал и решил да ме части со милиони евра.
Додека ја гледаме сцената “вози Мишко” провејува репликата од еден друг филм: ,,Лаки је мало нервозан”.

1.Преварантов наш и од Њујорк лаже ?. Советникот му го расипа меракот и комодитетот, барем за кратко, бидејќи според кажаното на неговиот шеф, тој ,,веќе го решил сведокот” во овие неколку дена, во правец да си го повлече зборот.

Со разни дообјаснувања, дополнувања, толкувања и слични трикови, за кои неговиот шеф е ,,вистински махер” и во миг ќе му смисли неколку, па овој нека бира?

Всушност, ,,махеров” веќе на јавноста и прераскажа што сакал да каже сведокот откако нели веќе со него разговарал, а сведокот сега само треба да го изрецитира тоа или слично на тоа во судот за 15-20 дена.
Првото објаснување односно информирање од ,,портпаролот на сведокот” е дека сведокот кажал така бидејќи бил разочаран од случајот “Рекет”.
Значи, бидејќи ,,портпаролот на сведокот” и Катица решиле да рекетираат, па со други снимки направени оваа 2019 година ги фатиле и пријавиле, сведокот толку се разочарал што во таа агонија на разочараноста ,,му светнало” да каже дека снимките предадени во СЈО пред 4 години, се страотно модифицирани и компромитирани откако тој бил лишен од слобода во 2014 година и дека тој не им ги дал на другите двајца сведоци истите.
Муртински приказни…нели?

Тоа е исто како на пример Заев да се изнервира од уцената на Катица дека ќе обелодени дека заедно работеле во “Рекет” и во многу други недозволени активности, па така изнервиран да објави дека хард дисковите со снимките реално не ги предал на СЈО на 30 декември 2015 година, односно дека тогаш предал само празни хард дискови, колку за сликање, а полните хард дисковите со нелегално снимениот и модифициран аудио матерјал всушност и го предал две недели подоцна на приватна средба во неговата фирма за правење керамиди ,,Еленица” во една пријателска и срдечна атмосфера, како што всушност и било.
Му требало на ,,махерот” уште малку време да ги модифицира и компромитира снимките.
А и да избрише тоа што не му одговара. Да не предаде нешто што некогаш Катица може да го употреби против него. Попусто Катица две недели пред да ја затворат побарала од обвинителот Пеливанов да бара низ аудио матерјалите нешто компромитирачко за Заев. Тој на време го среди тоа и во ,,Еленица” околу Василица, всушност и ја претскажа судбината, ама таа тогаш сеуште беше многу среќна заради функцијата и не помислуваше дека измамник си е измамник. Само време е во прашање… како онаа приказната кога жабата ја пренесува шкорпијата качена на грбот преку реката, а оваа на сред река ја убодува пуштајќи и отров. Кога жабата сеуште жива зачудено ја прашува зошто го направила тоа, бидејќи сега кога ќе умре и скорпијата ќе се удави, оваа одговара: ,,посилно е од мене”.

Ама славниот измамник не е како неговиот советник, да се изнервира за една работа и се да си каже за друга работа… ”портпаролот на советникот” кога ќе се изнервира само уште по несмасно лаже.

Сега по објаснувањето на ,,портпаролот на советникот” ќе излезе дека ,,Ел чека” ,,страотно ги модифицирал и компромитирал снимките”, вклучително и онаа за Мартин Нешковски.
Се сеќавате како едно време раскажуваше дека преставници на странски служби му ги дале снимките, па дека лично се сретнал со нив и се убедил… Кратко потоа тој ја ,,смени плочата” и со една ,,страотна” леснотија си почна нова приказна…

Всушност ако вака излезе како што ни раскажа Заев, ќе излезе дека сведокот само на кратко му ја расипал забавата. Затоа што пред сведокот- советник да добие напад на искреност при сведочењето во судот, колку само неговиот шеф убаво си ги муфтусуваше на раат сите што ги сретна таму во Њујорк, и им држеше беседи за тоа како блескаме и слични будалаштини, убеден дека сите му веруваат исто онолку колку што му потврдуваат?

Во редицата лаги содржани во само една изјава, е и она дека форензиката потврдила дека снимките се оргинал. Која форензика потврдила? Некоја човек фирма што самиот си ја договорил пред 5 години?

Како форензиката утврдила кога матерјалот кој е копија не го споредила со оргиналниот матерјал?

Патем речено, се согласувам со сите оние кои велат дека во правна смисла има разлика меѓу снимките од “Рекет” и оние на СЈО. Од “Рекет” обвинителството има оргинални снимки. Копиите според она што го чувме од медиумите се кај една соседна земја. Снимките на СЈО се копии не споредено со оргиналот без вештачење за нивната целовитост, автентичност и веродостојност и со куп докази и признанија дека е интервенирано во нив.

Уште една лага во истата изјава е дека никој од обвинетите правно формално не ја оспориле автентичноста, целовитоста и веродостојноста на аудио матерјалите.
А ние што во судница баравме вештачење на автентичноста, целовитоста и веродостојноста, а судот не одби, за што баравме? За да докажеме дека Заев е во право? И зошто не одби судот? Пардон, зошто му наредиле на судот да не одбие за тоа? Ако беа чисти, се одбива ли обвинет кога бара вештачење, а за кој си сигурен дека не е во право?

Следна лага е дека аудио матерјалите биле правно-формално дадени на СДСМ, а ги примил Верушевски. А Верушевски во тоа време нема никаква партиска функција. И не само што нема функција, туку според поранешната изјава на Заев, тој и Верушевски се до 2015 година не се познавале?

Нашиов махер, ќе сфати колку е способен кога еден ден ќе одговара за влијание врз сведоци и злоупотреба на службена должност како и злосторничко здружување за манипулирање со монтирани снимки.
Ќе сфати колку е махер кога многу луѓе ќе прозборат за тоа што сега се плашат да го кажат.

2.“Лаки је мало нервозан” со години беше често цитирана реченица од некогаш култниот филм со наслов кој освен горната реченица совршено одговара на состојбата на актуелниот премиер и неговата банда – ,,Маратонците го трчаат последниот круг”.
Трчајќи го неговиот последен круг, во последната година пред создавање на техничка влада и “бришење патос” на народот со него на следните избори, нашиот ,,Лаки” реши ,,да пука” по новинари кои му објавуваат ,,службени тајни” за неговиот и на другите негови ,,маратонци” криминал, со кој заедно го трчаат ,,последниот круг”. Заев преку ОЈО реши да го плаши со затвор и еден од похрабрите во ова време на закани и страв критички кон грешките и криминалите на власта настроени новинари и уредник на еден од најчитаните портали.
Мандатот го почна и очигледно ќе го заврши со владеење со терор, преку обвинителствата и судовите.

Па уште слушам и споредби со оној кој се судеше за откривање идентитет на заштитен сведок во случај на сурово убиство на старец за да убијците му ги земат парите на убиениот. Оној тогаш анонимен лик, кој беше претставуван како некаква жртва на тогашната власт, случај во кој дури ни партиското обвинителство на СДСМ не се осуди да ја повлече пријавата, па го спасија преку ,,застареност”, а тој сега глуми незадоволен…

Всушност, денес самиот Заев веќе нема никаква обмисленост или разумност на чекорите. Тој функционира на база на лична омрза кон секој кој го критикува, на гнев, на лутина, на фрустрација, втерување страв и прогон кон неистомислениците…Неговите чекори се понезрели и од претходната негова фаза. Делува како во еден друг стар и култен филм ,,Кој тоа таму пее” и онаа често цитирана реплика и сцена ,,вози Мишко”. Кога незрелиот возач налутен и навреден реши да ги вози патниците во автобусот со врзани очи. Онака преплашени и стресени, како и ,,патниците” на денешниот Мишко.

3.Еден од ,,подизведувачите” во рекетот на ,,Мишко” кој се одзиваат на зборот ,,Ден”, е всушност мрачен како ноќ. На овој измамник чија единствена идеологија и водилка во животот му се парите, сум му многу благодарен што релативно на време ми помогна да се ослободам од него и од се што потоа ќе ме снајдеше ако самиот своевремено не направи погрешна проценка за тоа кој ќе успее во внатрепартискиот пуч кој неуспешно беше започнат против мене во 2004 година, а на кој тој се придружи убеден дека ја завземал победничката страна.

Типов од она што разбрав, всушност спречувал продажба на фирма за да фирмата си остане со македонски сопственици со цел да си ги рекетира.
Кога видел дека купувач на фирмата е голема мултинационална компанија, сфатил дека со нив лошо ќе помине во однос на неговите планови, па смислил приказна дека јас сум бил скриен сопственик на фирмата за да го плаши купувачот со истраги и компликации и со тоа да го одврати од намерата. Но, купувачот бил прилично искусен и голем, и вакви локални измамници кои 15 години само пред избори се појавуваат ,,на печалба” во Македонија , досега сретнал на многу места, па по неколку месеци додатни проверки и анализи констатирал дека ,,печалбарот” е криминогена личност со јасни рекетарски амбиции. Така, со вклученост на неговата амбасада испраќајќи му со тоа порака на мрачниот тип, ја реализирал својата замисла.
Мултинационалната компанија дефинитивно констатирала дека си има работа со измамник кога видела дека истиот најпрвин ја исцрпувал домашната компанија со неплаќање на обврските на институцијата која ја водел, за потоа откако ја донел ,,до ѕид”, одеднаш, откако нешто се случило кое многу го задоволило и го направило среќен но и ,,добар човек”, да им ги плати сите заостанати долгови и потоа секој месец да биде најредовен во плаќањата како да е во Шведска.
Веројатно се прашале како е можно овој човек толку многу да сака да е коректен со ,,скриениот сопственик” кого толку многу го критикува и нарекува со најпогрдни зборови.
За овој мрачен како ноќ лик, имам толку многу да кажувам, но не вреди да си го губам времето.
Со Заев се совршен пар, плус од исто село се, што веројатно ја јакне синергијата. Со извинување кон чесните муртинци кои ги запознав кога бев таму и знам дека ги има многу, би завршил со тоа дека му посакувам на Заев долго да останат заедно и да соработуваат како на власт, така и наскоро во опозиција, иако мислам дека најмалку едниот од нив, првиот ден кога ќе се смени владата ќе се качи на авион и ќе лета 36 часа, како и секогаш во минатото.

4.Ценејќи по изјавата на бугарскиот државен врв, зголемениот ангажман на лобирање на Америка кон земјите кои размислуваа да го попречат добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ дава резултати.
Бугарскиот државен врв, се чини дека ќе го одложи блокирањето на Македонија заради уцената за прифаќање дека Гоце Делчев бил Бугарин и ќе го поврзе со отворањето и затворањето на некои од поглавјата. Тоа е добра вест за Македонија барем на краток рок, но сепак е само одложување. Барањето, уцената и ризикот остануваат.“