Home Актуелно Бузаку му даде рок од 72 часа на Реџепи за оставка – после се закани дека ќе пуштал „бомби“

Бузаку му даде рок од 72 часа на Реџепи за оставка – после се закани дека ќе пуштал „бомби“

Денес, од страна на Скендер Бузаку, на вратата на седиштето на Исламската верска заедница е поставен часовник кој го одбројува ултиматумот за повлекување на Сулејман Реџепи од ИВЗ.

Ултиматумот му го постави Бузаку, кој вели дека доколку не се повлекува Реџепи тој ќе објави докази и факти за криминал од кои како што рече цела земја ќе се чуди.

„Пораката до Сулејман Реџепи е ова, ослободете го ИВЗ за 72 часа, и ако тој не даде оставка, тогаш имаме страшни факти, застрашувачки докази“, рече Бузаку.

Пред седиштето на ИВЗ има и зголемено присуство на полициски службеници.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…