Home Спорт Мурињо се вклучи во трката по ѕвездата на Шалке

Мурињо се вклучи во трката по ѕвездата на Шалке

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Шалке и германски репрезентативец, Леон Горецка.

Горецка е еден од најдобрите фудбалери во Бундес лигата и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а она што го прави уште поинтересен е фактот дека на крајот на сезоната ќе биде слободен играч

Горецка се уште го нема продолжено договорот со Шалке кој му истекува на крајот на сезоната, па во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со друг клуб.

За него силен интерес од поодамна покажуваат Барселона, Баерн, Јувентус и ПСЖ, но сега во трката за неговиот потпис влегува и Манчестер Јунајтед.

Мурињо верува дека Горецка ќе биде идеална замена за Маруан Фелаини и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ уште во зимскиот преоден рок.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…