Home Спорт Мурињо се уште е „Специјален“ – го сакаат четири европски гиганти

Мурињо се уште е „Специјален“ – го сакаат четири европски гиганти

Мурињо откри дека одбил три понуди после напуштањето на клупата на Манчестер Јунајтед, а се знае дека една од нив беше од Бенфика.

Се претпоставува дека другата понуда била од Реал Мадрид, за која Мурињо е заинтересиран, но од лето кога ќе може да си изгради тим по свој вкус.

Се шпекулираше и дека Баерн му понудил да го замени Ковач, но Мурињо сигурно нема да преземе ниту еден клуб до крајот на сезоната.

Интер исто така го сака, но Мурињо не е заинтересиран да се врати во Италија, а како што се дознава негова најголема желба е Пари Сент Жермен.

Во Париз Мурињо ќе добие одличен тим на располагање и неограничени финансиски ресурси за нови засилувања.

„Светците“ се исто така заинтересирани да го донесат, но се ќе зависи од Лигата на шампиони. Доколку Тухел не успее да го освои тој трофеј, ќе му направи место на „Специјалниот“.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…