Мурињо ќе биде бесен – Гризман откри зошто не сака во Англија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот играч и стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, призна дека размислува за заминување од „Калдерон“ по завршувањето на сезоната, но сеуште го нема направено финалниот избор.

Гризман е еден од најдобрите светски напаѓачи, медиумите се погласно го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед, а самиот вели дека не е сигурен како би се адаптирал на животот во Англија.

„Во Сосиедад почувствував кога е моментот да заминам. Кој знае како ќе биде сега, како ќе заврши сезоната, доколку заврши лошо, можеби повторно ќе се јави истото чувство. но во овој момент тоа е неважно“, истакна Гризман.

„Се прашувам каде би можел да заминам. Во Шпанија тука се Барселона и Реал. Барса во овој момент има тројца во нападот, а во Реал е невозможно да одам поради ривалството. Германија не ме привлекува исто како и Франција, барем во овој момент. А, Англија, имам дилема како би ми се допаднал животот таму. Дожд, лошо време…Јас не го сакам дождот, морам да бидам среќен“, заклучи Французинот.