Мухиќ воздржан, договорот со Грција ратификуван и „на втора мајка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И на второто гласање во Парламентот, македонските пратеници повторно го ратификуваа Договорот со Грција, откако Претседателот на државата Ѓорге Иванов одби да го потпише Указот за прогласување на Законот.

„За“ Договорот гласаа 69 пратеници, а независниот пратеник Ферид Мухиќ гласаше воздржано. Тој рече дека му е чест што е дел од коалиција која почитува различно мислење, а главната критика ја упати до светската јавност и до политичарите кои го подржале барањето на Грција да се промени уставното име на земја која е членка на Обединетите Нации, што е во спротивност со Повелбата на ОН.

Претходно, министерот за надворешни работи Никола Димитров одговори на сите 5 точки од писмото на претседателот Иванов во кое тој образложува зошто нема да го стави својот потпис на Договорот. Димитров кажа дека со Спогодбата не се загрозува македонската посебност, туку се зацементира. Тој одговори и на прозивките дека Владата нема надлежност да склучува Договори, туку дека тоа било обврска на Претседателот. Од независноста на Македонија, Собранието ратификувало 897 меѓународни договори, а само 5 биле склучени од Претседателот на државата – три Договори склучил претседателот Глигоров и два претседателот Трајковски. Димитров го повика Иванов да не го крши Уставот и да го потпише Договорот со Грција.„ Како што идентитетот не се бранеше компромитирајќи го со антиквизацијата, така и Уставот не се брани со кршење“ рече Димитров.

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ не беше на седницата. Тие денеска ќе поднесат кривични пријави против власта за Договорот со Грција.

По повторното гласање, Договорот пак ќе биде испратен до претседателот Иванов кој според Уставот е должен да го потпише.

Извор: Нова ТВ