Home Шоубизнис Муабети или вистина: 10 години стари пораки од Бред Пит ја разведоа Анистон?

Муабети или вистина: 10 години стари пораки од Бред Пит ја разведоа Анистон?

Откако во медиумите и јавноста одекна информацијата дека славниот холивудски брачен пар Џенифер Анистон и Џастин Теро се разведуваат, а тие ја потврдија истата, почна да се шпекулира која е вистинската причина за разводот.

Во морето разни терории, се издвои текст кој го објави списанието „US Weekly“ каде се вели дека Теро збеснал кога прочитал стари пораки од Бред Пит, кои Анистон ги чува повеќе од 10 години.

На Џастин воопшто не му било пријатно кога тој случајно налетал на пораките што ги напишал Бред кои гласеле: „Веќе ми недостигаш„ и „Изгледаш одлично вечерва“.

Џенифер го убедувала дека тоа не значи ништо и дека не мора да се грижи за тоа, но Џастин не ѝ поверувал.

Од друга страна, се зборува дека Теро наоѓа утеха во прегратките на Наоми Вотс, но не постои официјална потврда за таа врска.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џоан Смолс навести крај на пријателството со Кендис Свонепул: се споменува и Том Брејди, но без потврда

По заедничкото појавување на ревијата на „Викторијас сикрет“ за 2026 година, коментарите н…