Home Вебкафе Му се „заблагодари“ на КОВИД-19, па ѝ подвлезе на пицеријата со токмак

Му се „заблагодари“ на КОВИД-19, па ѝ подвлезе на пицеријата со токмак

Огорчениот и разочаран сопственик на пицерија од Сардинија, Џан Марио Фену (59) ја уништи својата пицерија затоа што сфатил дека ќе падне во уште поголеми долгови ако ја отвори по два месеци карантин во Италија, отколку сосема да ја затвори.

Тој во видеото што го објави на Фејсбук извикува дека коронавирусот е виновен за кризата.

„Не можам да ја отворам пицеријата, ти благодарам, КОВИД-19“, извикува изнервираниот газда.

„Не обвинувам никого, едноставно не можам да продолжам. Иако е затворена, пицеријата ме чинеше 3000 евра месечно, изјави тој.

Во видеото се гледа како тој ја крши внатрешноста на пицеријата ,,Фанатик” со токмак , иако цели 30 години работел успешно.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Дали знаете колку години ви краде екранот? Одговорот не е за луѓе со слабо срце!

ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ВИ „ЈАДЕ“ ЕКРАНОТ? НЕ Е ЗА ОНИЕ СО СЛАБО СРЦЕ Замислете некој да …