Денес седница на Советот за безбедност – Филипче ќе бара, дали Пендаровски ќе ја продолжи вонредната состојба?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На седницата на Советот за безбедност закажана за денес ќе се разговара за продолжувањето на вонредната состојба како мерка за справување на земјава со коронавирусот.

Најавувајќи ја седницата кај претседателот Стево Пендаровски, министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека Комисијата за заразни болести ќе побара продолжување на вонредната состојба, воведена пред два месеца заради пандемијата. „Ќе побараме продолжување на вонредната состојба од неколку причини, така што ќе имаме механизми за спроведување на препораките за сузбивање на пандемијата“, рече министерот Филипче не кажа колку ќе биде побарано продолжување на вонредната состојба – дали уште 30 дена или помалку.

Претседателот Стево Пендаровски воведе вонредна состојба на 18 март и ја продолжи на 16 април, а тој втор месец истекува в сабота. Филипче го претстави протоколот што Комисијата за заразни болести го направи за предизборна кампања и избори, на барање на лидерите на парламентарните партии со шефот на државата. Министерот, исто така, рече дека се во тек регионални состаноци за координирање на отворањето на границите и аеродромите за патувањето да биде безбедно. Филипче додаде дека епидемијата на коронавирусот се смирува, односно дека бројот на ново дијагностицирани пациенти, бројот на пациенти во болниците и „факторот на преносливост“ се „под контрола“.