Home Спорт Му се смее цела Шпанија! Ѕвездата на Атлетико го промаши автобусот (видео)

Му се смее цела Шпанија! Ѕвездата на Атлетико го промаши автобусот (видео)

Атлетико Мадрид во вторникот доживеа втор пораз од Севиља (3:1) и беше елиминиран од Купот на кралот, а после натпревот хит стана Шиме Врсаљко.

Врсаљко се занесе додека гледаше во својот телефон и успеа да го промаши својот и да влезе во автобусот на Севиља, а откако ја увиде грешката, со помош на полицаецот се упати на вистинското место и влезе во својот автобус.

Оваа ситуација веднаш стана хит на социјалните мрежи, па Врсаљко беше предмет на исмевање од целата шпанска спортска јавност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…