Му понудиле 20 милиони долари за една борба – Тајсон рекол…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, одбил понуда од 20 милиони долари за една спектакуларна борба.

На Мајк Тајсон му биле понудени 20 милиони долари за една борба, но тој тоа го одбил. Станува збор за ММА борба со познатиот бразилски борец Вандерлеј Силва во „Bare Knuckle Fighting Championship (BKFC)“ каде луѓето се борат со голи раце.

„BKFC“ неодамна договориле соработка со Вандерлеј Силва и му понудиле меч со Мајк Тајсон. Бразилецот ја прифатил понудата, но Тајсон не.

„Мајк се подготвува за меч со ракавици“, рекол Рафаел Кордеиро, тренерот на Мајк кој го подготвува за борби.

Тајсон има 53 години, но се чини дека е во фантастична форма.