Му ја однесе љубовницата дома: На ужасен начин дозна дека дечкото ја изневерува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Девојка која вози за Uber од Флорида непријатно гадно се изненади кога дозна дека нејзиниот дечко ја изневерува, откако собрала од аеродром девојка која ја одвела до неговата зграда.

Девојката која на Твитер се идентификува како Бри, откри детали од тоа како дознала за љубовната афера која ја имал сега веќе нејзиниот бивш дечко, а нејзината приказна стана вирална со хаштагот #UberBae.

A post shared by Breezus Christ (@msixelaa) on

Во неколку твитови Бри објасни дека ноќта ја преспила кај нејзиниот дечко, па го поздравила бидејќи морал да лета за Њујорк, во посета на неговата болна мајка во болница. Објасни дека типот се спакувал, седнал во автомобилот и „тргнал на аеродром“.

A post shared by Breezus Christ (@msixelaa) on

Но, неколку часа подоцна Бри добила нотификација од Uber да собере патничка од аеродром. Откако женската која ја собрала ја внесла адресата во GPS уредот, почнала да разговара со Бри и открила дека е во посета на дечкото и е многу возбудена бидејќи долго време не го видела.

„О, па мојот дечко живее овде“, рекла Бри кога стигнале до зградата од адресата која ја внесла патничката. Но, Бри уште повеќе се изненадила кога нејзиниот дечко излегол да и помогне на нејзината патничка со багажот.

A post shared by Breezus Christ (@msixelaa) on

Откако ја видел Бри, почнал да бега. Во еден момент дошло до караница, сè додека лутата Бри не одлучила дека нема повеќе да трпи понижување, седнала во автомобилот и си заминала – сосе багажот од љубовницата на нејзиниот дечко.

Бри открива дека девојката повикала полиција на која Бри им го предала багажот. За своето возење е оценета со единица и моментално не може да вози за Uber. Но, за Complex открива дека има „сигурна корпорациска работа“, а дека Uber било само за дополнителна заработка.

A post shared by Breezus Christ (@msixelaa) on

„Инаку, сега сум слободна“, додава на крајот Бри.