Вебкафе

Мрачната страна на интернетот: Корисниците на dark web ги открија најболните ствари кои ги виделе

Некои од корисниците на dark web открија мал дел од тоа што го имаат видено на „мрачната страна од интернетот“, а некои од нештата се сериозно вознемирувачки.

Dark web е најмрачниот агол од интернет поврзаноста, едно ниво пониско од оној кој ние го користиме, а на него можете да најдете сето она кое не можете да го најдете на „нормалниот“ интернет по легален пат. на dark web-от не можете да пристапите преку нормалните пребарувачи. Тоа го прави совршено место за сето она кое е без морал, кое е измама, за дилери на дрога и други мрачни ликови на кои им треба таква платформа за продажба или наоѓање на услуги и содржини кои не можат да ги најдат на друго место. Понекогаш, „случајните“ корисници на интернетот залутуваат и во тој мрачен простор на вмрежувањето, а на Reddit дел од нив решија да проговорат за тоа искуство.

„Корисници на deep web кои сте на Reddit, кое е најлудото и најпореметено нешто кое сте го виделе“, праша еден корисник, а одговорите се многу пофрапантни отколку што можете да замислите, пишува Unilad.

„Постојат тони руска педофилска порнографија, како и групи на луѓе кои огласуваат услуги за убивање на кој и да сакате да биде убиен“, пишува GUMP1147.

„Најинтересната работа која сум ја нашол се сајтови кои ви помагаат во целост да го смените идентитетот. Пример, за сума од 6.000 до 10.000 долари можете да добиете американска лична карта, пасош, возачка дозвола и сите документи потребни за да се преселите во Америка под име кое вие го бирате. Освен тоа, тука е и интересниот PDF документ од 1.000 страници во кој бивши затвореници пишуваат како да преживеете во затвор, како да дилате дрога во затвор, како да набавите оружје…“, објаснува DRIXGOD.

„Постојат туторијали за изработка на бомби, за извршување на различни злосторства, измами…“, вели VLEDA.

„Се продаваат огромни количества дрога. Немам поим дали е тоа вистина, но луѓето тврдат дека имаат килограми и килограми кокаин, хероин и слично“, пишува LUKEPA.

„Најчудното срање кое сум го видел на интернет е огласување медицински услуги, Имено, тврдеа дека имаат цели магацини со луѓе од различни земји и различни социјални состојби (од бездомници од Њујорк до робови од земјите од третиот свет). За одредена сума пари врз овие луѓе можете да правите било каков експеримент. Освен тоа, објавени се и документи за експериментите кои огласувачите сами ги правеле врз овие луѓе. Главно станува збор за испробување на ствари кои можат да убијат човек или да предизвикаат пометнување. Тоа е една од највознемирувачките ствари кои сум ги видел, бидејќи ми изгледаше реалистично и мала е веројатноста дека станува збор за некаква измама, како огласи за професионални убијци“, напиша CRISISOFCONSONANT.

„Убијци кои продаваат оружје во Европа, па дури и во Обединетото Кралство, каде е невозможно да добиете дозвола за оружје. Изгледаше како да потекнува од Источна Европа (не сум експерт), а цената им беше нешто помалку од 1.000 фунти“, пишува SUGARCOATEDKNIFE.

„Не знам колку е реално, но некој објави водич како да претворите човек во секс кукла која не може да комуницира. Пишуваше за зашивање на гласните жици, екстремитетите, замена на забите со силикони. Авторот тврдеше дека киднапирал неколку жени на кои им го направил тоа“, пишува JORTSS.

Ако ве интересираат уште некои болни приказни, можете да ги најдете на Reddit.

To Top