МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија испратил писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА, јавува МИА.

Писмото е испратено на 9 ноември до Светиот синод на Бугарската црква по редовна седница на МПЦ-ОА во Скопје на која било едногласно одлучено да се упатат одредени предлози и барања до сестринската црква.

„Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви“, се нагласува во писмото.