МОЗОЧЕН УДАР – Која од „Дисциплина кичме“ во кома!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лидерот и основач на култниот бенд Дисциплина кичме, Душан Којиќ Која, доживеа мозочен удар и се наоѓа во состојба на вештачка кома.

Како што јавуваат српските медиуми, Која заминал во Англија во посета на својата сестра кога доживеал мозочен удар. Тој бил итно хоспитализиран, а лекарите го внеле во индуцирана кома за да му дадат на мозокот доволно време да се опорави.

Бас гитаристот, пејач и композитор, Која е активен на музичката сцена веќе четири децении. Во 1980 година заедно со Милан Младеновиќ од ЕКВ ја основаа групата Шарло Акробата, која иако кратко постоеше на југословенската рок сцена, се прослави како основоположник на т.н. „југословенски нов бран“. По распадотот на бендот, Којиќ го основа бендот „Дисциплина кичме“ за кој напиша голем број хитови меѓу кои „Тато и мамо“, „Сите по мене“, „Имам шарени очи“, „Не фрлај бетонски табли од врвот на твојата зграда“, „Знаеш ли за друг ритам“…’

Која ја компонираше музиката за филмот „Како пропадна рокенролот“.

Групата требаше да настапи на Д фестивал во Дојран, но во последен момент го откажа настапот, што уследи само неколку месеци по ненадејната смрт на пејачката Мања Ѓорѓевиќ.