Може ли да замислите живот во бетонска цевка? Откако ќе го видите ова ќе посакате и вие

бетонска цевка

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хонгконгшки архитект проектирал микро стан за една или две особи, која се наоѓа во бетонска цевка за водовод.

Цените на недвижнини во Хонг Конг растат без да запрат, што ги присили многу да се преселат во мали станови. За во такви ситуации сигурно треба иновативни решенија. Па така архитектот Џејмс Лав, изградил преносна куќа во бетонска цевка.

Подобро живот во бетонска цевка отколку бездомник

Куќата изградена како експеримент е микро стамбена единица со ниска цена која зафаќа 2.5х9 квадратни метри.

Архитектот во овој проект внесил нови замисли кои се користат во становите во Хонг Конг. Овој дом има добра заштита од пожар, ветар, како и добра звучна и топлинска изолација. Покрај тоа структурата на цевката е таква да може да се закопа во земја со цел да издржи големи притисоци.

Оваа куќа може да послужи за еден до двајца луѓе, може да биде опремена со кујна како и бања. Домот е опремен со посебна микро-покуќнина, која штеди многу простор. Овие цевки лесно може да се состават една со друга, со цел да изградат модуларна зграда, а едноставна е и нивната релокација.

https://www.facebook.com/CybertectureOpod/videos/161108834498946/