Морничавиот трејлер за новиот хорор филм „Saint Maud“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трејлерот за новиот хорор филм „Saint Maud“ е објавен, а обожавателита на делата од продукциската куќа А24 (The Witch, Hereditary, Midsommar) веќе коментираат дека не можат да дочекаат да излезе филмот.

Новиот хорор хит во најава во кино салите треба да се појави на 1 мај, 2020 година, а е опишан како „хорор филм кој ги искривува жанровите“.

Филмот е дебитантско дело на режисерката Роуз Глас, а во синопсисот е наведено дека станува збор за „храбро оригинална визија за верата, лудилото и спасението и светот кој потклекнал“.

Филмот ја следи приказната за Мод, млада медицинска сестра која се грижи за жена на умирање и која станува опседната со идејата за спасение на душите на своите пациентки, но на тој пат се попречуваат мрачни сили како и нејзините гревови од минатото.

Иако е објавен само трејлерот, филмот на IMDB засега има (пр)оценка од 7,2, а на Rotten Tomatoes импресивни 93 отсто.

Пофални зборови ова филмско остварување во најава доби и од режисерот и оскаровец Дени Бојл.

„Овој е навистина вознемирувачки и интригантен филм, ја предизвикува науката како Carrie, Egzorcist и филмот Under The Skin од Џонатан Глејзер“, изјави Бојл.