Македонија годината ќе ја заврши на 68-то место на ФИФА листата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација го задржа 68. место на декемвриската ФИФА ранг-листата, што е ист пласман за „црвено-жолтите“ како и во ноемвриското рангирање.

Ова е очекуван пласман за фудбалерите бидејќи од последното рангирање не одиграа ниту еден натпревар. Противникот на Македонија во полуфиналето од Лигата на нациите, селекцијата на Косово годината ја завршува на 115-то место.

На врвот на листата на ФИФА  на најдобри светски фудбалски селекции на крајот на 2019 гофдина се  Белгија,Франција, Бразил, Англија и Уругвај.

Во Топ 10 се уште и репрезентациите на Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.