Google и Турција не можат да најдат заеднички јазик за Android


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новите Android паметни телефони кои во иднина ќе бидат лансирани на турскиот пазар, ќе мора да функционираат без Google апликации, бидејќи технолошкиот гигант не успеа да ги реши проблемитe и недоразбирањата со турските власти во врска со овој мобилен оперативен систем.

Поточно, според последните информации, Google ги известил деловните партнери во Турција дека повеќе нема да може да соработува со нив кога станува збор за новите Android телефони.

Проблемите започнаа кога рускиот конкурент Yandex поднесе тужба против Google, па компанијата уште во 2018 година доби наредба да им овозможи на Android корисниците да изберат други пребарувачи на своите уреди, и во таа прилика доби рок од шест месеци да ги направи потребните измени. А им беше изречена казна од 17,4 милиони долари.

Google вели дека преговорите со турските власти се во тек, така што за Android корисниците во оваа земја сè уште не е сè загубено, а постарите модели нема да бидат засегнати од промените, како ни другите услуги на оваа компанија.