Морбиден бизнис: Чисти места од убиства и самоубиства и објавува фотографии од нив


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нил Смитер е Американец чија професионална дејност е прилично неблагодарна и бизарна. Типот се занимава со чистење на просториите по убиства и самоубиства и има приватна компанија која ги нуди тие услуги.

Тој ја основал компанијата „Crime Scene Cleaners Inc.“,која исклучиво се занимава со расчистување на сцените на криминалот и досега има направено илјадници вакви работи. За LadBible изјави дека станува збор за работа како и секоја друга.

„Сум бил на места каде што луѓето биле затворени и измачувани. Во друг случај некој скокнал од хеликоптер. Сум чистел места на самоубиства, убиства, смрт со пукање, отров…сум видел сè.“, вели Нил.

„Не се вознемирувам од она што го гледам кога ќе стигнам до сцената за убиство или самоубиство. Стигнувам таму и работам, исто како што момчето во Мекдоналдс цел ден пече хамбургери”, вели Смитер, кој ја добил идејата за бизнис гледајќи го филмот на Тарантино.

„Го гледав Pulp Fiction и тоа беше сцена каде Вулф (го игра Харви Кејтел) влегува и ја чисти куќата на Џими Димик. Тоа беше еден вид на просветлување за мене. Си мислев дали јас можам да го сторам тоа”, вели Смитер кој наскоро собрал информации и отворил бизнис. Сè што требаше да стори беше да почека телефонот да заѕвони за првата работа, и му требаше една година од идејата до првиот ангажман.

Неговата прва работа беше чистење зад самоубиството на една старица која страдала од карцином. Бил ангажиран од нејзината сестра.

„Бев возбуден, многу возбуден. Не заради сцената што ја видов, туку затоа што мојата работа ќе започне. Заработив тогаш 400 долари“, вели Смитер, кој видел илјадници слични сцени по самоубиството на старицата.

Тој отворил и профил на Инстаграм на кој поставува слики пред и по чистењето. Него го следат скоро половина милион љубопитни. Тоа го изненадило, вели тој, што толку многу луѓе сакаат да ги погледнат тие слики.

„Мислам дека смртта е последна станица, така да се каже. Никој не знае ништо за тоа. Многу малку луѓе се изложени на вакви сцени и сите сакаат да знаат што се случува и зошто се случува и што е следно. Ние сме во можност да им дадеме дел од сликата . Мислам дека сум привлечен за луѓето на Инстаграм затоа што не им кажувам многу, така што работи нивната фантазија “, заклучува тој.