Газење по автопат со 300 км/час – вака изгледа тоа (снимка)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сите оние страсни обожаватели на големите брзини од автомобилските ѕверови веројатно сонуваат и копнеат по германските автопати на кои не постои ограничување на брзината на возење.

Сепак, потребна е голема храброст и огромна доза на лудост за да се вози максимална брзина на јавен автопат со фреквентен сообраќај. Особено кога станува збор за екстремни брзини поголема од 300 км на час, кога е многу малку потребно за фатална несреќа.

Но, кога ќе видите колку лесно овој Audi достигнува опасни брзини, работите стануваат многу појасни.

Станува збор за Audi RS Q8, автомобил подготвен да вози до 305 км на час и да ги достигне првите 100 км на час за 3,8 секунди.

На 200 км на час за 13,8 секунди. Како и во случајот со италијанскиот соперник Urus, и овој модел се напојува со 4.0 V8 twin turbo мотор, овде со достигнати 600 КС и 800 Нм.