Кина алармира: Новиот мистериозен вирус мутира


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои деветмина починале, соопштува кинеската здравствена комисија.

Од комисијата прецизираат дека сепак досега немало доказ оти вирусот брзо се шири. Како и да е, вирусот почнал да мутира со што им отежнува на здравствените работници да го контролираат.

„Веќе имаше пренесување на вирусот од човек на човек и инфекција на медицинските работници. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и дека постои можност за мутација на вирусот“ – изјавил Ли Бин, директор на комисијата.

Сите девет починати пациенти биле од провинцијата Хубеи каде што има најмногу заболени. Надлежните граѓани треба да го избегнуваат метежот и јавните тоалети, пренесуваат од АР.

Стравот од епидемија се шири затоа што милиони Кинези оваа седмица патуваат низ целиот свет за да ја прослават Нова година во сабота.

Случаите на зараза од овој вирус се идентификувани и надвор од Кина, во Тајван, Филипини, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, а вчера беше потврден и првиот случај во САД.

Новиот вирус припаѓа на групата вируси кои се предизвикани од САРС, болеста од која во 2002-2003- та година починаа 800 луѓе ширум светот.