Мона Лиза ја нападнаа со торта


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Човек преправен во старица и седнат во инвалидска количка, за време на посетата на музејот Лувр во Париз, станал од количката и со торта го извалкал заштитното стакло на култниот портрет на Мона Лиза насликан од легендарниот Леонардо Да Винчи.

Слики од славната уметничка слика Мона Лиза Џоконда измачкана со торта станаа вирален хит на социјалните мрежи. Ова некултурно дело го направил млад човек кој во Лувр влегол преправен во старица, седнат во инвалидска количка.

Според сведоците на настанот, типот во еден момент станал од количката, пришол до Мона Лиза и почнал да фрла со торта, а потоа почнал да фрла и рози меѓу присутните, сè додека обезбедувањето не го изнесло надвор од музејот.

Сликата, за среќа, остана нечепната од тортата благодарение на заштитното непробојно стакло која ја штити од било какви надворешни влијанија.

Ова не е прв „напад“ на Мона Лиза. Во 1950-те години човек фрли сулфурна киселина на сликата, која го оштети уметничкото дело, а друго лице, студент од Боливија, ја гаѓаше сликата со камен. Жена во инвалидска количка во Токио, за време на изложбата таму во 1974 година на која беше изложена и сликата, го испрска делото со црвен спреј како израз на незадоволство поради немањето пристап со рампа за лица со инвалидитет до сликата.