Топол и сончев последен мајски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Последниот мајски ден за оваа година во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен променлив ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури во Скопје ќе состигнат до 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид 26, Битола 29, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 31, Дојран 33.

утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец и дневни температури од 23 до 34 степени.