Модриќ му одговори на Гризман за „Златната топка“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веќе подолго време Антоан Гризман јавно лобира дека „Златната топка“ мора да ја освои Французин, па Модриќ како еден од фаворитите за наградата се почувствува повикан.

Гризман како главен аргумент го посочи фактот дека “триколорите” триумфираа на Светското првенство во Русија, а имаше и такви кои годинава ја освоија Лигата на шампионите и други големи натпреварувања.

„Не сум играч кој ќе каже дека јас ја заслужувам Златната топка, мене ми е најважно да играм. Но, не се согласувам со некои изјави дека мора Французин да ја освои. Годината беше долга, има многу фудбалери кои конкурираат за ова признание”, изјави Модриќ, кој сепак меѓу Французите го избра токму Гризман.

„Мислам дека од тројцата номинирани Французи, Варан, Мбапе и Гризман токму последниот најмногу ја заслужува наградата“, заклучи Хрватот.