Home Шоубизнис Модната екстраваганција на славните фаци на овогодинешната Мет Гала

Модната екстраваганција на славните фаци на овогодинешната Мет Гала

Кога ќе се спомене гламурозниот моден настан Мет Гала, првата асоцијација која паѓа на памет се екстраваганцијата, откачениот моден избор и дизајн во кој се претставуваат славните личности од светот на шоубизнисот кои добиле покана за присуство на оваа елитна луксузна вечера.

И оваа година Мет Гала ги собра во њујоршкиот Метрополитен некои од најпознатите имиња и оставија моден печат на црвениот тепих со своите модни избори и ексцентричност.

Според годинешната тема на настанот и изложбата, модните избори на славните гости треба да бидат израз на ексцентричност, иронија, хумор, пародија и претерување, а славните успешно си ја завршиле задачата.

Кети Пери се преправи во лустер, Лејди Гага промени 4 аутфити и парадираше во долна облека на скалите, Карди Би облече огромен фустан кој се влече позади неа како душек, Џенер сестрите се фокусираа на пердуви, а Џеј Ло на светки и сребрена перика.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …