Модерната верзија на DeLorean од „Враќање во иднината“ ќе чини 100.000 долари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Автомобилот кој поради неговата „улога“ во култниот авантуристички и научно-фантастичен филм „Враќање во иднината“ стекна планетарна слава, познат под името DeLorean, повторно ќе почне да се произведува во модернизирана верзија.

Модерниот модел DMC-12 на пазарот ќе пристигне следната година, изјави производителот, DeLorean Motor Company (DMC).

DMC во 2016 година објави дека ќе произведе ограничен број на примероци од новиот модел DMC-12 со користење на комбинација од модерни компоненти и залиха од преостанатите компоненти од првиот модел, но тој проект не се реализираше.

Сепак, по правниот процес би требало да започнат со производство во 2021 година.

Новиот американски закон ќе овозможи на малите американски произведувачи на автомобили да произведуваат и да продаваат само 325 примероци годишно кои нема да мораат да ги исполнуваат најновите безбедносни американси прописи.

Новиот DeLorean ќе има иста каросерија како и моделот од осумдесеттите години на минатиот век.

Стариот модел го користеше 2,8-литарскиот бензин мотор на Renault со 130 коњски сили и 207 Nm максимален вртежен момент, а се шпекулира дека сега ќе има 3,5-литарски V6 мотор кој ќе испорачува 350 коњски сили.

DMC се надева дека седмично ќе произведува еден или два автомобила, а секој ќе чини околу 100.000 долари.

Новиот модел ќе има нова технологија, нова внатрешност, светла, кочници, клима-уред.