Ѓоковиќ зборуваше за Коби и се гушеше во солзи (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ денес стигна до лесна победа против Раониќ и се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен, а победата му ја посвети на својот пријател Коби Брајант.

Ѓоковиќ излезе на терен со тренерка на која беа иницијалите на легендарниот кошаркар, а добро е познато дека двајцата имаа одлични односи и беа големи пријатели.

Србинот само неколку дена пред смртта на Коби зборуваше за легендарниот кошаркар и откри дека многу му помогнал кога бил повреден, а денес не можеше да ги задржи солзите.

„Коби беше идол на сите генерации. Тој имаше големо влијание врз мојата кариера. Навистина не можам да поверувам дека тоа се случи. Тој беше мој ментор, имавме одлични персонални односи во последните години. Жално е тоа што им се случи на Коби и неговата ќерка Џиџи“, изјави низ солзи Ѓоковиќ.