Модел распродаден за само 4 минути


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лимитираната серија на моделот Civic Type-R од автомобилскиот производител Honda броеше само 100 изработени примероци кои беа понудени на заинтересираните купувачи од канадскиот пазар.

Оние кои сакале да го резервираат овој автомобил морале уште во февруари да остават капар од 1.000 долари, иако цената на автомобилот се уште не била позната, а тоа не ги спречило купувачите во само четири минути да ги „зафатат“ тие 100 места.

Civic Type R Limited Edition

Во Honda не се изненадени затоа што тврдат дека се свесни колку лојални фанови имаат.

Оваа Honda има 2.0 литарски турбо мотор кој произведува 300 коњски сили.