„Многу брејкови, acid и семплови”: Францускиот продуцент NairLess ја отвора Break Away – втората сезона на ROOMANIA


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


NairLess е вложен во музиката од рана возраст. Започнува со свирење пијано на четиригодишна возраст и брзо ја открива страста кон композиција, осцилирајќи помеѓу класичната и џез музиката. После долгиот престој во Пекинг, се заинтересирува за електронската музика и навлегува во прекрасниот свет на компјутерска музика.

Неговите продукции вклучуваат длабока и енергична музика, често комбинирана со атмосферски слоеви, допир на “acid” и “breakbeats”.

Создавањето еклектични сетови е негов заштитен знак. Не е важно дали музиката се класифицира како хаус, диско, техно или минимал, NairLess секогаш се стреми да создава разновидни и оригинални сетови со избор на нова музика, притоа задржувајќи кохерентност со неговите продукции.Исто така е дел од хардверското дуо “Flying Structures“, кое го основаше во 2018та година со “Pépé Elle”. Тие се фантастичен тим  – комбинираат “acid” техно, транс, електронскa музика на Детроит од 90-тите и електрична гитара.

Roomania: Здраво NairLess и добредојде на Roomania. Ќе започнеме со изјава дека ова е една „невообичаена“ средба, иако не и малку веројатна. Мотото на Room 313 отсекогаш било „Поврзување преку музика“, и тоа беше случај со тебе. Како би го опишал твоето искуство во врска со нашата средба?

Па, јас сум навистина задоволен што сум поканет тука и ми се допаѓа вашиот проект! Музиката навистина спојува како што нас не спои едно мое издание и веќе започнавме со креативни соработки.  

Roomania: Не извести дека имаш поминато извесно време во Пекинг. Освен што те инспирираше да нурнеш во светот на електронската музика, што друго би додал на списокот? Дали Пекинг е клупски ориентиран град?

Почнав да продуцирам музика во Пекинг, но таму не посетував многу хаус или техно клубови, бидејќи не беше толку популарно во тој момент во Кина. Во однос на електронската музика, како градови за забава ги сакам Берлин и Виена!

Roomania: Француската електронска музичка сцена ни даде низа на неверојатни уметници. Кои би ги одвоил како најголема инспирација и како тие влијаеја во обликувањето на твојот звук?

Не мислам дека имам омилен француски електронски уметник. Јас навистина ја сакам електронската музика од старата школа со лебдечки подлоги (pads) и семплови како Жан-Мишел Жар, но инспирацијата ја земав од различни уметници од целиот свет како што се “Octave One”, “The True Underground Sounds of Rome” и други. Главно електронска музика базирана на семплови.

Roomania: Се занимаваш со продукција и броиш повеќе изданија. „Pawn Checkmate“ беше “кривецот” за нашата интеракција. Имаш посебен рецепт за продукција на траки или е „go with the flow“ начин на работа?

Зависно од мојата испирација! Немам посебен рецепт за правење трака, туку само експериментирам со моите синтисајзери и плагини, а понекогаш од тоа излегува трака.

Roomania: Овој период на апстиненција од клупски настани веројатно ти приушти повеќе време за продукција на музика. Можеш ли да ни откриеш некои претстојни изданија?

Во моментов работам на неколку проекти, вклучувајќи ремикс за мала француска етикета „Records not records“. Завршувам едно издание, од кое, една трака е во миксот што го снимив за вас.

Roomania: Покрај псевдонимот „NairLess“, си дел од „Flying Structures“. Како заживеа овој проект? Кои се движечките сили во позадина и каква е твојата визија за него?

Се сретнав со Pepe Elle (втората половина на Flying Structures), на SoundCloud. Неговата музика навистина ми се допадна, затоа го контактирав. Знаев дека поседува неколку ритам машини, па откако ги купив и моите први “Roland TR8” и “TB3”, почнавме со експериментирање и никогаш не застанавме до сега!

Roomania: „Aurore 404“. Во кратки црти, што значи и како настана?

„Aurore“ на француски значи „зора“ и изговорот е сличен како „Error“. Ние само сакавме да направиме игра со зборови со „Error 404“.

Roomania: Имаш богата историја на настапи. Дали има некои посебни  што го трансформираа твојот начин на размислување за електронската музика или пак настан каде сфати дека „ова е тоа што треба да го правам“?

Сфатив уште на мојата прва свирка пред 3 години во еден бар во Париз.

Roomania: Што најмногу ти недостасува од клупски настапи во овој период на пандемија?

Свирење во живо пред луѓето што танцуваат!

Roomania: “Garnier”. Мислење?

Легенда!

Roomania:  За крај, како би го опишал твојот микс за “Roomania”? Зошто слушателите треба да го слушнат овој сет?

Многу брејкови (се разбира), но исто така acid и семплови (pads).

Ти благодариме што беше дел од “Roomania“. Се надеваме дека откако ќе заврши ова лудило, ќе можеме да танцуваме заедно.

Следната епизода излегува за две недели. Повеќе информации за аудио серијалот ”Break Away”, како и преслушување на претходни и следни епизоди може да следите на Soundcloud профилот на Roomania и социјалните мрежи на Room 313.