Мислеа дека е исчезнат вид пред 30 години, но…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Примерок од видот на еден џуџест елен (елен-глушец), што не бил виден повеќе од 30 години и за кој се мислеше дека е исчезнат, пред неколку дена бил снимен со скриена камера во шума на југот на Виетнам.

„Немавме претстава што може да очекуваме, па затоа бевме многу изненадени и среќни кога ги проверив скриените камери и видов фотографии од ова тешко животно , тешко за ловење“, изјави Ан Нгујен, раководител на тимот за наука и заштита на дивиот свет.

Видот за прв пат е опишан во 1910 година и оттогаш е прогласен за еден од најретките видови елени, поради што беше вброен на списокот на 25 наретки изгубени видови.

И покрај нивното име и изглед, овие животни не се ниту глувци ниту елени, туку се најмалите копитари на планетата, а научниците веруваат дека ова е многу важно откритие затоа што сега ќе може да ги заштитат од истребување.

Научниците ја започнале експедицијата со тоа што прво се информирале од локалното население за место каде последен пат го виделе ова животно, по што поставиле скриени камери во шумата.

„Клучен аспект на идните истражувања за„ изгубените видови е соработката со локалното население, како што докажавме со овој проект. Вклучувањето на локалното население и нивното знаење беше клучно за нашата работа. Оваа стратегија, исто така, може да се покаже како многу успешна за истражување на други видови низ светот “, заклучија научниците.