Home Живот Мишел Обама во кич чизми до препони

Мишел Обама во кич чизми до препони

Откако му заврши претседателскиот мандат на нејзиниот сопруг Барак Обама, бившата прва дама на САД, Мишел Обама, некако се опушти со модниот стил, кој додека беше во Белата куќа, го одржуваше принципиелно вкусен, пристоен, елегантен и на ниво.

Најпознатите модните креатори се грижеа за нејзиниот стајлинг посебно на јавните настани. Но, откако Барак Обама го заврши својот претседателски мандат, модниот вкус на госпоѓа Обама драстично се промени.

Во неверојатен стајлинг Мишел неодамна се појавила при едно гостување во Бруклин каде имала средба со актерката Сара Џесика Паркер.

Мишел носеше жолт фустан, но тоа што ги изненадило сите биле чизмите на поранешната прва дама.

Некогаш елегантната Мишел се појавила во длабоки блескави чизми кои на интернет биле наречени неприкладни и нападни, а може да се купат за околу 3.900 долари

Load More Related Articles
Load More In Живот
Comments are closed.

Check Also

Ласерска епилација на бикини зона: Што треба да знаете

Дали ве привлекува ласерската епилација на бикини зоната, но не знаете многу за неа и сте …