Волстрит руши рекорди: Вчера доживеа највисок раст од 2009 наваму


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако доживеа релативно лош Бадник, Волстрит вчера рушеше рекорди со експлозијата на акциите која се случи на првиот работен ден после католички Божиќ, со што беше забележан најголем дневен скок од март 2009 година. Со тоа Волстрит ги покри сите загуби забележани во претходните тргувања.

Индексите на Дау Џонс и СиП 500 направија скок за нешто под 5 насто после скокот од над 6 насто на компаниите од прехранбениот, енергетскиот и технолошкиот сектор. Насдак, исто така, забележа најуспешен ден од март 2009 година.

Вчерашниот ден ќе биде забележан и по најголемиот скок на акциите по Божик за првпат во историјата.

Иако инвеститорите ги зафатила еуфоријата, експертите предупредуваат дека патот до целосно заздравување е долг и дека се потребни три раста за да се затвори дупката што настана со распродажбата. Волстрит во понеделникот на католички Бадник го погодија големи распродажби, а главните индекси потонаа за повеќе од 2 отсто.