Home Актуелно Министерот Манчевски порача: Без приватен сектор, нема плата за администрацијата

Министерот Манчевски порача: Без приватен сектор, нема плата за администрацијата

Министерот за информатичко општество го објасни значењето на превентивната мерка за намалување на платите на администрацијата за време на епидемијата на коронавирусот.

Намалувањето на платите е една превентивина мерка, за подоцна да можеме побрзо да се вратиме во форма и да ја спасиме економијата, изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Како што рече тој во Клик Плус, без приватниот бизнис нема плата за администрацијата и обратно.

„Во оваа приказна сме сите заедно, соочени со сериозна криза, можеби најголема во историјата, и треба да си помагаме и да не ги ставаме личните пред заедничките интереси“ – порача Манчевски.

Тој нагласи дека би бил многу среќен доколку кризата заврши за 2-3 месеци, но воедно додаде дека може да трае и многу подолго.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…