Британскиот премиер Борис Џонсон заразен со коронавирус


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот премиер Борис Џонсон на својот Твитер профил потврди дека е позитивен на тестот за коронавирус.

Тој ја потврди веста на својот профил на Твитер, споделувајќи видео со кое ја информира јавноста за неговата состојба.

„Во текот на последните 24 часа развив благи симптоми и се тестирав позитивно за коронавирус. Сега сум самоизолиран, но ќе продолжам да ја водам владата преку видео-конференција додека се бориме против овој вирус. Заедно ќе го победиме ова“, вели Џонсон.