Нови 18 случаи на заразени од коронавирус во Македонија во последните 24 часа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица, пренесува на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (134)
– Дебар (43)
– Куманово (17)
– Штип (8)
– Прилеп (6)
– Охрид (3)
– Велес (3)
– Кавадарци (2)
– Тетово (2)
– Гостивар (1)