Актуелно

Вчерашниот ден најсмртоносен од коронавирус во светски рамки

Вчерашниот ден статистички е најсмртоносен во светски рамки според бројот на лица кои починаа како последица на коронавирусот откако е почната пандемијата.

Бројот на заразени лица со коронавирус во 202 држави и територии ширум светот ја надмина границата од 500.000. Истовремено, САД го презедоа првото место од Кина по бројот на евидентирани случаи.

Во светот досега се регистрирани 560.000 инфицирани лица од кои над 60.000 во последните 24 часа. Вкупниот број, пак, на смртни случаи, со забележаните 2.500 во вкупно 59 држави во последното деноноќие, достигна 24.000, објави агенцијата „Ројтерс“ претпладнево.

Тоа го прави вчерашниот ден најсмртоносен по прогласување на пандемијата на Ковид-19, со Италија и Шпанија кои бележеа и по 700 починати.

Речиси третина од најновите сличаи на светско ниво се забележани во САД кои почнаа да тестираат се повеќе луѓе. Само по последните 24 часа се регистрирани 17.000 заразени и 281 случај со фатални последици, што претставуваат најголеми бројки по појавата на вирусот во земјата, пишува порталот „Индекс“.

Кина, пак, од утре најави затворање на границите за странски државјани, по примерот на Јапонија која од полноќ ги спушта рампите за граѓани од 21 европска држава плус Иран. Кинеските власти вчера објавија за 55 нови заразени лица од кои 53 се, како што рекоа, „увезени“, а само два со локална трансмисија.

Advertisements
To Top