Home Спорт Милевски за отсуството на Нестор на списокот: „Нестороски не е играч кој треба да биде повикан само за да одигра 5-10 минути“

Милевски за отсуството на Нестор на списокот: „Нестороски не е играч кој треба да биде повикан само за да одигра 5-10 минути“

Селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на фудбалери на кој ќе смета за натпреварите со Грузија и Бугарија (ТУКА).

На списокот повторно го немаше Илија Нестороски кој полека почнува да добива минутажа во Удинезе.

„Нестор е играч кој има дадено многу за репрезентацијата и не заслужува да дојде да биде повикан за да игра 5-10 минути. Кога ќе биде повикан ќе сметам на него за „фул“ минутажа, во овој момент не е спремен“.

Во добра форма игра и Давор Здравковски кој би можел да биде решение во средниот ред.

„Со Давор Здравковски бев во комуникација и пред јунските натпревари, но мислам дека ритамот и начинот на кој игра каде што се наоѓа е достигнат лимитот и потребн е промена на она што го игра подолго време. Мора да го промени начинот на кој игра

Против Грузија натпреварот го играме на 23. септември, Бугарија ќе ја пречекме н 26. ноември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…