Милер: Не е виновен судијата, самите сме виновни!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа одигра 2:2 против Реал Мадрид на „Сантиаго Бернабеу“, но тоа не беше доволно за пласман во финалето.

Готово сите од таборот на Баерн како виновник за елиминацијата го прогласија судијата Чакир, кој не досуди пенал во последната минута од првото полувреме.

Артуро Видал и Жером Боатенг беа толку бесни, што испратија навреди кон судијата и „кралевите“ на социјалните мрежи.

Меѓутоа, во Баерн има и такви кои не мислат дека е виновен судијата, па така Милер вината ја гледа во целиот тим.

„Игравме подобро отколку во првиот натпревар. Судијата добро си ја заврши работата, не сме елиминирани поради него. Самите сме виновни за тоа што не сме во финалето, а и Навас го спаси Реал во неколку ситуации“, изјави Милер.