Home Спорт Де Геа играч на сезоната во Јунајтед, но изборот на Мурињо ги изненади сите!

Де Геа играч на сезоната во Јунајтед, но изборот на Мурињо ги изненади сите!

Синоќа на свечена церемонија која ја организираше Манчестер Јунајтед, беа доделени неколку клупски награди, а за играч на сезоната беше избран голманот Давид де Геа.

Де Геа и оваа сезона брлјираше на голот на Јунајтед, па заслужено ја доби наградата и тоа по четврти пат. Претходно беше избиран за најдобар во сезоните 2014, 2015 и 2016 со што го надмина рекордот на Роналдо кој има три награди.

Сепак, големо изненадување беше гласањето на Жозе Мурињо, кој гласот го даде за младиот Мектомини и изјави дека се двоумел помеѓу него и Немања Матиќ.

„Мислам дека сонот на секое момче кое пристигнува во клубот е да игра за првиот тим. Кога тоа ќе го реализира потоа сонува да игра во големи натпревари и во ЛШ. Мектомини го постигна сето тоа за пет или шест месеци, па поради тоа тој е мојот избор за фудбалер на годината“, изјави Мурињо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…