Милан ја носи ѕвездата на Арсенал за НУЛА евра!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познато е дека Милан е во завршни преговори со генералниот директор на Арсенал, Иван Газидис кој наскоро би требало да се пресели на „Сан Сиро“.

Од друга страна, Милан работи и на уште еден трансфер од Арсенал, овој пат на теренот. Медиумите во Англија пишуваат дека „росонерите“ преговараат со Арон Рамзи кој би можел да се пресели на „Сан Сиро“ веќе во јануари.

Велшанецот од доаѓањето од Кардиф одигра околу 330 натпревари, се уште не постигнал договор за продолжувањ на соработката, па би можел да замине на зима со цел „топџиите“ нешто да заработат од него.

Во спротивен случај Рамзи би можел да се пресели на „Сан Сиро“ следното лето без обештетување, како слободен агент.

За Рамзи силен интерес покажуваат многу гиганти ширум Европа, но адутот на Милан е токму директорот на „топџиите“ Иван Газидис.