Home Спорт Милан го загуби најважниот фудбалер за Суперкупот против Јувентус

Милан го загуби најважниот фудбалер за Суперкупот против Јувентус

Милан синоќа против СПАЛ кончно им се врати на победите, но радоста за тренерот Гатузо и „росонерите“ не беше целосна.

Имено, при самиот финиш на мечот Сусо заработи црвен картон, а тоа значи дека ќе го пропушти натпреварот од Суперкупот на Италија.

Милан и Јувентус на 16-ти јануари ќе играат меч за трофејот од Суперкупот, а поради црвениот картон Сусо нема да може да игра.

Разочарувањето кај Гатузо и навивачите е огромно, со оглед на фактот што Шпанецот е еден од најважните играчи во тимот.

„Жал ми е, поради тимот, тренерот и навивачите, но и поради мене. Според мене исклучувањето беше неправедно, жалам што ќе го пропуштам Суперкупот“, напиша Сусо на Инстаграм.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…