Home Спорт Играше за Манчестер Јунајтед, па од срам реши да го смени изгледот со операција (фото)

Играше за Манчестер Јунајтед, па од срам реши да го смени изгледот со операција (фото)

Летото 2004 година Манчестер Јунајтед во своите редови го донесе најталентираниот кинески фудбалер Дон Фангжу кому му се предвидуваше блескава кариера.

Сер Алекс Фергусон реши тогаш да го донесе 19-годишниот фудбалер, од кој многу се очекуваше. Сепак, Донг не успеа да се прилагоди во Манчестер, па одигра само два натпревари.

Откако потпиша за Јунајтед прво не можеше да добие дозвола и клубот мораше да го испрати на позајмица во белгиски Антверпен, каде што за две сезони одигра 71 натпревар и постигна 34 голови.

Откако не успеа да се избори за место во тимот, се врати во татковината, потоа играше во Полска, Португалија и Србија, но кариерата ја заврши во 2014 година без особен успех.

По нејзиното завршувањето стана предмет на исмејување во Кина, па поради срам реши да го смени својот личен изглед и да направи пластична операција.

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…