Актуелно

Мијалков доби 30 дена притвор и за случајот „Империја“

Доцна синоќа, на бившиот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, му беше одредена мерка притвор во траење од 30 дена за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство. Судијката Весна Димишкова го определила притворот поради можно влијание врз сведоци и опасност од бегство.

Мијалков вчера попладне беше спроведен во кривичниот суд од Истражниот затвор во Шутка, во придружба на десетина припадници на Единицата за брзо распоредување.

За „Империја“ притвор веќе добија бизнисменот Орце Камчев, газдата на „Пелистерка“ Цветан Панделески и уште тројца блиски соработници на семејството Камчеви.

СЈО,соопшти дека осомничените во „Империја“ испрале најмалку 10,5 милиони евра и тоа 8 милиони евра пари од Македонија и 2,5 милиони од странство, преку офшор компании.

Инаку, Мијалков е во притвор од 20 ноември на барање на СЈО за случајот со масовното прислушување, а за него освен истрагата за „Империја“ во моментов има 4 активни обвиненија за случаите „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“ и „Титаник 2“.

Advertisements
To Top