Метеорологот Поповски: Спремајте се за студ од -10 степени

Невообичаеното топло време за овој есенски период од годината ќе нè држи уште денес и утре, кога ќе имаме дневни температури меѓу 15 и 22 Целзиусови степени, вели метеорологот Славчо Поповски за 1ТВ.

Особено значително опаѓање на температурите на воздухот ќе има од петок како и за време на викендот кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 1 степен додека на високите места и на планините истите ќе се спуштат дури и до околу -10 степени, максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.