Меси не се согласува со трансфер политиката: Самиот состави список на засилувања!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Барселона инсистира во зимскиот преоден рок да биде донесен дефанзивец, бидејќи во моментов смета само на Умтити и Пике.

Валверде ги отпиша Маскерано и Вермален, па сака во јануари клубот да го донесе младиот Холаѓанец Де Лихт. Од друга срана клубот повторно ќе се обиде да го доведе Куртињо, но шансите за тоа се мали.

„Диарио Гол“ пишува дека Меси не се согласува со тоа и сака да биде донесен офанзивен играч за врска. Му порачал на раководството да направи се што е во нивна моќ за да го донесе Кутињо, во спротивно да бара алтернатива.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Барса веќе има список со неколку алтернативи. Првата е Набил Фекир од Лион, фантастичен фудбалер кој оваа сезона блеска во француското првенство.

Не е многу реален ни трансферот на Лемар од Монако бидејќи клубот од „кнежевството“ бара 100 милиони евра за неговата слобода.

Како трета опција се споменува и Ријад Марез од Лестер кој ќе може да помогне и во Лигата на шампиони. Пред неколку дена беше откриено дека Барса го сакала Алжирецот и во текот на летото но англискиот клуб ја одбил понудата.