Извлечени групите за Мастерсот во Лондон!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Денес во Лондон се одржи ждрепката за завршниот тениски Мастерс Куп, каде најдобрите осум тенисери ќе ги одмерат силите во арената „О2“ во Лондон.

Почетокот на ждребот се одложи за еден час, откако легендата Борис Бекер, кој ги влечеше имињата и по која беше именувана еден од групите, заглави во сообраќајниот метеж во Лондон.

Од извлечената ждрепка многу поинтересна на хартија изгледа втората група каде друштво на Рожер Федерер ќе му прават Александер Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок.

Најдобрите двајца од секоја група ќе се најдат во полуфиналето. Титулата минатата сезона ја освои Енди Мареј, кој нема да настапи сезонава.

Група „Борис Бекер“
1. Роџер Федерер
2. Александар Зверев
3. Марин Чилиќ
4. Џек Сок

Група „Пит Сампрас“
1. Рафаел Надал
2. Доминик Тим
3. Григор Димитров
4. Давид Гофен